Тајните на Дизниленд

11 јули, 20110
disneyland

1. Мртви тела во „Опседнатиот замок“

„Опседнатиот замок“ (Haunted Mansion) е една од најстрашните атракции во Дизниленд. Покрај страшниот амбиент и морбидните звуци, според некои извори, оваа атракција е дом и на неколку мртовци. Во книгата „Приказните за глушецот“ објавена во 1994, поранешниот вработен во Дизни ја раскажува приказната за група луѓе кои побарале посетата на атракцијата да потрае малку повеќе време за да можат да му оддадат почит на 7 годишното момче кое починало непосредно пред нивната посета на Дизниленд. Откако добиле дозвола за подолго возење, посетителите биле забележани како расфрлаат прав низ атракцијата. Претпоставувајќи дека се работи за пепелта на момчето, атракцијата била затворена се додека не била исчистена. Многу вработени во Дизни кажуваат дека ова не е изолиран инцидент. Повеќе луѓе се обратиле за дозвола да ја расфрлат пепелта на своите сакани низ Дизниленд, но од управата на паркот велат дека одговорот на таквите барања е секогаш „не“.

2. Дизниленд е преполн со мачки

Секоја вечер во Дизниленд, откако илјадници гости ќе се приберат во своите хотелски соби, низ паркот се појавуваат огромен број на мачки – скитници. Сепак, вработените во паркот велат дека мачките се добредојдени бидејќи тие го држат под контрола проблемот со глувците. Мачките во Дизниленд се стара појава, уште од отварањето на паркот во 1955, па наместо да си го трошат времето да ги избркаат, вработените решиле да ги искористат. Затоа, низ Дизниленд се поставени 5 стационари за исхрана на мачките, а вработените исто така ги вакцинираат и ги чистат мачките, а нивниот број се регулира со кастрирање на возрасните мачки. Доколку се случи да се појават мали мачиња низ Дизни, тие веднаш се даваат на посвојување.

3. Дизниленд е добро место за гледање на топлес девојки

Непосредно пред завршувањето на возењето на Splash Mountain, камерите ги сликаат посетителите, а сликите подоцна ги објавуваат на огромен екран пред самата атракција и се достапни за купување. Сепак во 1990 многу посетители, особено од понежниот пол, започнаа да ги креваат своите маички за сликањето, па наскоро атракцијата се здоби со прекарот Flash Mountain. За да го сведе овој туристички феномен на минимум, Дизниленд мораше да вработи луѓе кои ќе ги разгледуваат фотографиите и ќе ги отстрануваат оние кои се недолични, бидејќи сепак Дизниленд е парк за деца. Откако со вработувањето на новиот кадар бројот на недолични слики се намали на минимум, паркот во мај 2009 година реши да стави крај на едно од најчудните работни места во светот – трагач по разголени девојки.

4. Целосно формирани мустаќи се добредојдени

Иако самиот Волт Дизни имаше мустаќи, тој сакаше неговите вработени да бидат што е можно похигиенски, па ја воведе забраната за секаков вид на мустаќи и брада. Според Дизни, забраната допринела да се искрени стереотипната слика за одвратните карневалски работници. Забраната, верувале или не, била на сила цели 43 години. Сепак, во март 2000 година, компанијата реши да направи чекор напред и да им дозволи на машките вработени да имаат мустаќи. Откако многу од вработените го запуштија својот изглед, беше донесено ново правило дека мустаќите мора да бидат целосно и уредно оформени. Секаков вид на бради и бакембарди е сеуште забранет.

5. Дизниленд во Орландо, Флорида е регистриран како град

Четири години по отварањето на Дизниленд во 1955 година, Волт Дизни решил дека е време да ја прошири својата франшиза. Затоа се одлучи да купи земјиште во Орландо, Флорида. Бидејќи процедурата за добивање на дозволи за градба беше многу комплицирана, Дизни поднесе петиција до државните власти во Флорида за да и одобрат на компанијата да управува со сопственото земјиште. Така, на 12 мај 1967 година, со креирање на нова општина, Дизниленд стана посебен град. Компанијата има дозвола да отвори училишта, да формира судови, па дури и да изгради нуклеарна централа, а вработените во Дизниленд се регистрирани како жители на овој град.

6. Зелената е магична боја

Доколку погледнете подалеку од фантастичниот свет на Магичното Кралство, Дизниленд се надева дека нема да видите ништо. Помалку магичните делови на компанијата, како кантите за отпадоци, оградите, административните згради и складиштата се обоени со зелено, со цел да се вклопат во средината и да бидат што помалку приметливи за посетителите. Според некои извори, бојата која ја користи Дизниленд за да ги направи работите да „исчезнат“ во позадината е всушност нијанса на зелената боја која се нарекува „Зелена за исчезнување“. Корисен совет доколку сакате да прикриете нешто.

7. Може да играте кошарка во планина

Matterhorn во Дизниленд е атракција најпозната по лудата железница која се движи по врвот на планината. Но малкумина знаат дека длабоко во внатрешноста на планината има кошаркарско игралиште кое беше изградено во 1959 за да го пополни преостанатиот простор од оваа позната атракција. Сепак, кошаркарскиот терен не е целосен заради одредени закони кои ја спречуваат неговата доизградба, односно бидејќи во врвот на планината неможе да се смести контролна соба за натпреварите. Апсурдно, нели?

8. И во Дизниленд има VIP клуб

Скриени зад досадните зелени врати во Дизниленд позади плоштадот Њу Орлеанс се наоѓа една од најексклузивните и најмистериозните атракции на паркот: VIP просторија наречена Клуб 33. Дизниленд го изградил овој клуб за да им овозможи на богатите и познатите посетители прибежиште во самиот парк. Самиот Волт Дизни го избрал интериерот на оваа просторија, а во неа престојувале многу познати личности, како Џони Деп, Елтон Џон и многу други актери, режисери, бизнисмени и џетсетери. Доколку сакате да се приклучите на овој ексклузивен клуб, ќе мора да бидете трпеливи. На листата на чекање ќе треба да бидете повеќе од 10 години, а потоа ќе треба да платите околу 10.000 долари за пристапување кон клубот и 3.500 долари годишна членарина.

 

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi