8 те најинтелегентни луѓе на светот!!! Е ова се “вика” IQ :)))

popara23 октомври, 20112min00
iq

Коефициентот на интелегенција или IQ, варира од човек на човек и тој ги покажува менталните способности на поединците.

Иако просечниот коефициент на интелегенција е околу 100, за некои овој број достигнува дури до 250, што значи дека се екстремно интелегентни. Го земаме за пример Албер Ајнштајн, тој имал IQ 160, а исто толку има и физичарот Стивен Хокинг, додека за Никола Тесла се збори дека имал IQ 170.

Интелегенцијата обично може да се препознае од мали нозе, па така натпросечно интелегентните деца зборуваат веќе од 6 месеци, а сложени математички задачи решаваат веќе на три години.

Објавена е многу интересна статија за 8те најпаметни луѓе на светот. Секако, ова не се единствени луѓе на светот со овој коефициент на интелегенција, но интересно е да го погледнете краткиот опис на секој од нив.

1. Kim Ung-Young

IQ: 210 – Јанг од мали нозе ја покажал својата натприродна интелегенција, од 6 месеци почнал да зборува, а веќе читал шпански, корејски, германски, англиски и уште многу други јазици на свои три години. По третата година решавал комплексни математички задачи. Јанг има завршено докторат по физика на Универзитетот во Колорадо и се наоѓа во книгата на Гинисови рекорди во категорија на луѓе со највисок IQ.

2. Christopher Michael Langal

IQ: 195 –Исто така прогласен за напаметен човек во Америка, Кристофер на тестот за интелегенција стигнал до бројот 195. Роден во Сан Франциско, Кристофер почнал да зборува на 6 месеци, сам научил да чита пред да наполни 4 години и редовно ги прескокнувал годините на училиште. Во средно училиште сам учел напредна физика, математика, филозофија, грчки и латински. Подоцна тргнал на факултет од кој брзо се откажал, бидејќи сметал дека има повеќе знаење од професорите. Дваесет години работел на различни работни места како, градежник, пожарникар, каубој и земјоделски работник. Во 2004 година се переселил во Мисури, каде поседува и води ранч со коњи.

3. Philip Emeagwali

IQ: 190 –Роде во Нигерија, Филип го напуштил училиштето поради војната во земјата, но подоцна станал компјутерки научник и геолог и бил еден од луѓето кои во 1989 година освоиле Гордон Бел награда за суперкомпјутер “Connection Machine” кој се користи за анализа на нафтени полиња. Во 1991 година, неговиот докторат на кој работел, бил одбиен.

4. Garry Kasparov

IQ: 190 – Каспаров е светски шампион во шах. Роден е во Русија во 1963 година. На 22 години Гари станал најмлад светски првак во шах, а титулата ја задржал се до 1993 година. Подоцна имал и спор со огранизацијата ФИДЕ, која го убедила да организира своја професионална асоцијација за шах. Гари бил светски шампион во “класичен” шах се до 2000 година, кога изгубил од Владимир Крамник. Пет години подоцна, Каспаров се повлекол од светот на шахот поради нереализирани лични цели во оваа игра. Гари е исто така автор на неколку книги поврзани со шахот.

5. Marilyn Vos Savant

IQ: 186 – Со потекло од Сент Луис, Мерилин стана познат автор, колумнист и лектор, благодарение на нејзината појава и на листата на најпаметни луѓе во Гинисовата книга на рекорди. Од 1986 година, автор е на неделните колумни “Ask Marilyn” во магазинот Парада, каде ги решавала загатките  и одговара на прашањата на читателите за различни теми. Таа студирала филозофија на Универзитетот во Вашингтон, но по две години се откажала, за да се посвети на семејниот бизнис и продолжила со потрагата за финансиска слобода со помош на пушувањето.

6. John H. Sununu

IQ: 180 – Поранешен гувернер на Њу Хемпшир и поранешен началник на Генералштабот во Белата куќа за време на Џорџ Буш. Семејството на неговиот татко емигрира во САД од Блискиот Исток на почетокот на дваесеттиот век, но последните две генерации на семејството Сунуну се родени во САД.

7. Judit Polgar

IQ: 170 – Јудит е голем шаховски мајстор од Унгарија, и е најважниот играч во историјата на шахот. Во 1991 година ја освоила титулата – Велемајстор на 15 години и 4 месеци. Во четири посебни прилики, таа играше на страната на мажите на унгарскиот шаховски тим кој се натпреварувал на Олимписките игри, а во 2002 година освоила и сребрен медал. Ги победила шаховските велемајстори како Спаски, Карпов, Каспаров, Топалов и Ананд на меѓународни натпревари, мечеви и други турнири. Јудит е веќе 20 години, број еден во женскиот свет на шахот, а во 2005 година била рангирана како 8ми играч во делот на мажите. Исто така, седум пати добила Chess Oscar награда и била избрана за женски шахист на векот.

8. Stephen Hawking

IQ: 160 – Британецот Стивен, теоретски физичар познат по своите научни достигнувања во последните 40 години. И покрај неговите здравствени проблеми од младоста, неговите настапи и книги, го прославија во целиот свет. Хокинг развил посебни теореми во рамките на општата релативност и теоретски предвидувања дека црните дупки емитираат зрачење, денес познато како “Хокингово зрачење”.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag