Мараја Кери се плашела дека нема да може да оди!
23 октомври, 20110

Пејачката Мараја Кери откри дека се плашeла да не остане неподвижна по тешкото пораѓање.
Пеачката на мега хитот “Без тебе” страдаше од висок крвен притисок и дијабетес пред пораѓањето со близнаците Морокан и Монро во април оваа година.
Во изјавата за едно списание, Мараја Кери објаснува дека таа поминала низ тежок период од бременоста, иако на крајот породувањето и дошло како олеснување.
– Се плашев дека нема да проодам.Одвај се справив со огромниот товар. Секогаш требаше некој да ми помогне да станам додека седев, неможев и до тоалет сама да одам- ја кажала пеачката својата мака, пишува весникот Блиц.