9 совети за лесно будење

27 април, 20110
Woman Sleeping

Во согласност со вашиот биоритам, природниот аларм ќе ве буди рано наутро или подоцна во текот на денот. Често можеме да слушнеме дека генералните менаџери на успешни компании стануваат пред 6 часот наутро, исто така се тврди дека најуспешните луѓе се ранобудници, што е и логично. Ако станете порано, помалку време поминувате во спиење, а со тоа имате повеќе време за продуктивни активности.

Рано пред пладне е доба од денот кога имате најголема контрола над себе. Како одминува денот, концентрацијата опаѓа, а малку е веројатно да измеѓу 17 и 20 часот ќе се случи нешто екстра продуктивно.

Но сепак вистина е дека каков и да е вашиот биоритам, многу луѓе успеале да извежбаат и да се чустувуваат подобро со помалку спиење.

Одете во кревет кога сте уморни и будете се секој ден во исто време

Што ако не се уморни а веќе поминало еден час после полноќ? Ништо страшно. Само проверете дали сте го навиле вашиот аларм. Она што не треба да го правите е да се трудите да заспиете кога не сте уморни.

Познатото 90 минутно правило

Сите сме чуле дека осум часовниот сон е идеален, но оваа теорија се коси со научните истражувања кои утврдиле дека интервалот на човечкиот сон трае 90 минути. Тоа значи дека најдобар начин да се наспиете е всушност оној кога спиете неколку пати по 90 минути.

Постепено намалување на вашето време за спиење

Можеби сте се навикнале да писете по 8 часа во ден. Ако го навикнете својот организам ќе ви биде потребно помалку време за одмор. Обидете се да го направите овој процес што полесен. Пробајте да спиете една недела по седум и пол часа, следната недела по седум, се додека не го воспоставите ритамот кој највеќе ви одговара.

Дадете си себе причина да станете

Ако немате доволно добра причина да станете од креветот во одредено време, никогаш нема ни да успеете во тоа. Тоа може да биде тренинг во теретана, проект кој морате да го завршите или едноставно кафето со утринските весници.

Пуштете го сонцето во вашата соба

Оставете ги завесите тргнати од прозорот за да може дневната светлина да влезе веднаш наутро. Кога е мрак вашиот организам произведува хормон за спиење мелатонин.

Тргнете го будилникот од креветот

Ако морате да станете за да го исклучите алармот веќе сте завршиле пола работа. Ставете го алармот на другиот крај од собата подалеку од креветот и вклучете го на најако.

Не си доволувајте уште 5 минути

Секогаш ќе помислите “уште 5 минути“. Во слениот момент кога ќе се разбудите ќе сфатите дека сте се успале саат време и дека доцните на работа. Она што е најлошо е дека тој саат време сонот е повеќе мачење отколку спиење.

Напијте се чаша вода

Ако ниту незапирливата потреба за мокрење не успее да ве извлече од креветот, имате многу поголем проблем. Напијте се чаша вода пред да одите во кревет и ќе бидете разбудени од природниот аларм,

Бидете сам свој аларм

Можеби звучи бесмислено, но ако си лажете на себе си дека треба да станате до одредено време, вашиот организам ќе се разбуди природно. Одредете си на себе дека треба да станете во седум часот, а за секој случај навијте го алармот половина час порано. Ќе се изненадите кога ќе откриете дека сте се разбудиле на време, неколку минути пред да ве разбуди и самиот аларм.

Кога ќе го достигнете нивото да станувате без аларм, тогаш ќе ги сфатите предностите на раното будење, а ќе се чуствувате одморени и наспиени.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi