А зошто Џеј Ло ја мрази Ева Лонгорија?!

popara12 август, 20111min00
lopez-longoria

Откако Џенифер Лопез поднела барање за развод од Марк Ентони, пејачот се обратил за помош и утеха кај очајната домаќинка Ева Лонгорија, а тоа страшно ја налутило популарната пејачка.

Како што пишува магазинот Life & Style, по раскинувањето со Џенифер Лопез, Марк заминал да бара утеха на рамото на актерката Ева, па по долгите разговори, исполнети со солзи, тој и раскажал се за неговата тага, болка и разочарување од бракот.

Но, тоа се покажа како голема грешка, бидејќи Џеј Ло веќе долго време „не ја мириса“ Ева, поради фактот дека по секоја караница меѓу неа и Марк, тој веднаш одел кај очајната домаќинка и ги раскажувал деталите за нивните проблеми. Џеј Ло се навредила што нејзиниот сопруг ги раскажувал најдлабоките и најинтимните тајни од нивниот брак на Ева, па тоа го сфатила како големо предавство.

Џеј Ло и Марк Ентони, имаат две деца близнаци, а и покрај караниците и недоразбирањата, пејачката се уште му дозволува тој да ги гледа синот и ќерката.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag