Аца Лукас: Мерлин се себи по.рао на главу!

4 ноември, 20110
aca-lukas1

Најголемата забава на Балканот може да започне, а за тоа ќе се погрижи Аца Лукас. За својата роденденска забава најавува незаборавни моменти, исто така во разговорот Аца не се двоумел да каже неколку реченици и за доаѓањето на сараевскиот колега Дино Мерлин во Белград. Неговите последни изјави ги коментирал како потсмев со Србите.

* Зошто не правиш најмалку два концерти во Арена?
– Планирам следната година да направам голем концерт на отворено. Мислев дека нема да се наполни Арена два пати бидејќи немам ново CD, но испадна спротивно, и ми понудија да се одржи уште еден, но јас одбив.

* Не ја покани Карлеиша како гостин на концертот…
– Не е поентата секоја година да викам исти луѓе. Вечерва ќе гостуваат рокери, за мојата душа, со тоа ќе ја исполнам мојата долгогодишна желба. А тоа се Рибља Чорба, Викторија и Оливер Мандиќ.

* Немаш некое добро мислење за Дино Мерлин, кој ќе направи три концерти во Белград?
– Мое мислење е дека не припаѓа тука. Но, ако 20 години покажувал омраза према некој, а тоа никогаш не го негирал, тогаш како може да дојде? Ако веќе толку си зборувал, со самото доаѓање тука самиот себе си си се по.рал на главата. Сепак како музичар го ценам.

* И Весна Змијанац ќе пее на неговите концерти.
– Јас веќе реков дека немам ништо против концертот. Дозволете да ви кажам што ми пречи. Тој даде изјава: “. Многу ми е мило што ме сакаат Србите” Мене, тоа ми делува како исмејување. Како, извинете што малку лаев, сега малку ќе пеам.

* Денес наполни 43 години. Што доби од твојата сопруга Соња?
– Ми поклони часовник еве го на мојата рака.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi