Пејачката ги обновила своите контакти со дечкото кој беше инспирација за нејзиниот албум „21“ и кој ѝ се закануваше со тужба бидејќи го искористила раскинувањето од негова страна за да си напише песни и да стане позната…
Од објавувањето на албумот „21“, кој досега е продаден во повеќе од 10 милиони примероци ширум светот, Адел стана една од најбараните пејачки на планетава. Во нејзините песни се пронајдоа милиони осамени срца, а таа ги напиша овие песни веднаш по болното раскинување со дечкото.
Иако бившиот, засега неименуван дечко се заканувал со тужба за славата која Адел наводно ја стекнала на негова сметка, Адел сепак, се смири со него…
„Повторно се дружиме. Сè е во ред, знам што правам. Помина доволно време. Важно ми е со него да можам да споделам сè што се случи од излегувањето на албумот. А сето тоа што се случи е навистина неверојатно. Тој ми го промени животот, тоа не можам да го негирам“, рече пејачката пред своите фанови на концертот во Лондон.