Британската соул пејачка Adele признала дека сексуално ја привлекува нејзината колешка Rihanna. Adele, наводно рекла дека е маѓепсана од “извонредните колкови“ на пејачката од Барбадос и додала дека радо би била со Rihanna, доколку таа би го сакала тоа.
Adele, која денеска го слави својот 23 роденден, сепак нема да се откаже од мажите. “Сакам мажи. Фасцинирана сум од нив, иако често сум била повредувана и разочарана од нив“, рекла Adele.
Пејачката чиј албум веќе шест недели на врвот на американската музичка листа, планира својот роденден да го прослави со голема журка на која самата ќе пее. “Ќе правам караоке забава. Ќе пеам песни од R.Kelly“, изјавила Adele.