Ахмадинеџад: Не дозволувам да ги апсат моите соработници

popara29 јуни, 20111min00
mahmoudahmadinejad1111ape3
Иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад јавно предупредил дека нема да дозволи апсење на членови на неговата влада или свои блиски соработници, додавајќи дека тоа е “црвена линија“ преку која нема да премине, јавиле иранските медиуми.
“Имам обврска да ја бранам владата и тоа е црвена линија. Ако ја чепнат владата, јас ќе ја бранам“, рекол Ахмадинеџад по состанок со министерскиот совет.
Повеќе претставници од понизок ранг во извршната власт во последната седмица биле уапсени или против нив се покренати судски процеси. Иранскиот претседател за прв пат јавно се огласил по тој повод.
“Сметаме дека тоа се акции од политичка природа и јасно дека се врши притисок на владата. Досега молчев за тоа, ќе го правам и во иднина“, рекол Ахмадинеџад.
Приведените владини лица биле уапсени под различни обвиненија во последната недела. Иран уште од средината на април ја потресе политичка криза во која од една страна се наоѓа Ахамдинеџад и неговите приврзаници, а од друга претставници на конзервативната исламска линија.
Уапсени се повеќе од десет соработници на Есфандириј Рахим Машај, шеф на кабинетот на претседателот и неговиот најблизок соработник. Обвинети се за корупција, финансиски малверзации, па дури и за “вештерство“.
Извор: Нетпресс

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag