Грчкиот парламент ги изгласа острите мерки за штедење

popara29 јуни, 20111min00
hellenic-parliament-building
Грчкиот парламент со тесно мнозинство го изласа новиот пакет мерки за штедење, кој Грција треба да ја спаси од должничката криза. Станува збор за мерки чија најава предизвика генерални штрајкови и жестоки судири меѓу полицијата и демонстрантите во Атина. За усвојување на мерките гласале 155 пратеници, додека 138 биле против.
Гласањето започна во 13,30 часот, а траеше до пред неколку минути. Со оглед дека владиниот план денеска беше прифатен, утре ќе се гласа за неговите детали.
Иако премиерот Јоргос Папандреу го придоби тесното мнозинство во парламентот, некои членови од неговата партија и претходно најавија дека ќе гласаат против неговиот план.
Прифаќањето на мерките за штедење би можело да предизвика уште поголеми немири на грчките улици.
Во Атина и денеска е мирно. Пред почетокот на седницата на парламентот, група од 400 левичарски демонстранти се обиде да ја блокира главната улица што води кон плоштадот Синтагма. Полицијата одговори со солзавец, а повредени беа најмалку две лица. “Би-Би-Си“ јавува дека демонстрантите не се насилни, но поединци, сепак, веруваат дека не можат да кренат револуција без насилство.
Како што рекол еден од демонстрантите, Грците излегле на улиците првенствено за да ја изразат лутината и огорченоста заради тоа што не се тие виновни за лошата состојба во државата.
Папандреу рече дека единствено неговиот план за штедење од 28 милијарди евра може државата да ја исправи на нозе. Исто така, грчката влада планира уште околу 50 милијарди евра да собере од приватизација на државните претпријатија.
Европската унија и Меѓународниот монетарен фонд побараа од грчките политичари да го усвојат новиот пакет мерки за штедење за да и’ одобри дел од заемот од 110 милијарди евра. ЕУ и ММФ треба да почнат да го финализираат и вториот заем од 120 милијарди евра што би требал да и’ помогне на Грција да ги отплати досегашните долгови до крајот на 2014 година.
Извор: Нетпресс
escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma