Ајша Гадафи: Бидете мирни, вашиот голем лидер се бори на фронтот!

popara24 септември, 20111min00
Aisha-Ayesha-Gaddafi-aa006

Ајша Гадафи, ќерката на поранешниот либиски лидер Моамер Гадафи, изјавила во телефонското интервју за сириската сателитска телевизија “Ал Раи”, дека нејзиниот татко e добро и дека се бори на теренот.

Ајша ги обвинила новите либиски лидери за предавници, пренесува агенцијата Анса.

“Бидете мирни, вашиот голем лидер се бори на фронтот!”, изјавила Ајша за телевизиска мрежа “Ал Раи”. Таа се обратила на народот кој стои позади нјзиниот татко дека може да биде горд на нивниот лидер.

Таа, исто така, ги повикала приврзаниците на Гадафи да се кренат против новата влада, која ја оценила како предавничка и шарлатанска.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag