Ако наумиле…се е можно! Спречен голем терористички напад во Москва!

19 јули, 20110
72701

Директорот на Федералната служба за безбедност (FSB) Александар Бортњиков, изјавил дека властите уапсиле четворица луѓе од регионот на северен Кавказ, кои наводно планирале “голем терористички напад“ на подрачјето на Москва.

“Пред неколку дена, голем терористички напад беше спречен во фазата на подготовка, на подрачјето на Москва, информирал Бортњиков. Тој тврдел дека осомничените планирале да нападнат населени објекти и сообраќајни инфраструктури, а дека безбедносните представници конфискувале рачно изработени бомби, оружје и мапи во кои се наоѓале целите и целиот план за напад.

Руските власти често тврдат дека успеваат да спречат напади од северните делови на Кавказ, каде властите се борат против исламските бунтовници.

Лидерот на чеченските сепаратисти ја  презеде одговорнсота за самоубиствениот бомбашки напад на аеродромот “Домодедово“ во јануари, каде загинаа 37 лица, како и два напди на метро станиците во март минатата година во Москва, каде страдаа 40 луѓе.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi