Ако не сакате да сте болни…

9 август, 20110
naslovna

Покажувајте ги  своите чувства

Емоции и чувства коишто се скриени, потиснати, завршуваат со болест како: гастрит, улкус, лумбални и други болки. Со текот на времето, потискањето на чувствата доведува до карцином. Тогаш одиме кај специјалист, за да ги поделиме нашите интимности, нашите „тајни“, нашите грешки! Дијалогот, говорот, зборот, се силен лек и одлична терапија!

Донесувајте  решенија

Нерешителниот човек постојано е со сомнеж, тревога, во недоумица. Нерешителноста акумулира проблеми, напнатост и агресии. Човечката историја е изградена од решенија. Да донесете решение потребно е да знаете да одрекувате, да знаете да изгубите привилегии, за да добиете други. Нерешителните луѓе се жртви на стомачни проблеми, нервни растројства и проблеми на кожата.

Барајте  решенија

Негативните луѓе не наоѓаат решенија и си ги зголемуваат проблемите. Тие го преферираат оплакувањето, озборувањето, песимизмот. Подобро е да се запали чкорче отколку да се жали за мракот. Пчелата е мала, но произведува едно од најслатките нешта, коишто постојат. Ние сме тоа, коешто го размислуваме. Негативната мисла создава негативна енергија, која се трансформира во болест.

Немојте да  живеете според  надворешниот вид

Секој којшто ја крие реалноста, се преправа, позира и секогаш сака да се претставува дека е добар, а сака да биде почитуван како перфектен, безгрижен и т.н., тој акумулира голема тежина. Тој всушност е Бронзена статуа од глина. Нема ништо полошо за здравјето, од тоа да се живее според надворешниот вид и фасада. Тоа се луѓе кои надворешно навидум зрачат, но се со мали корени. Нивната судбина се аптеката, болницата и болката.

Примајте

Откажувањето да се прими и недостатокот на самоувереност не тераат да се оттуѓуваме. Да бидеме едно цело со самите  себе  е основата на здравиот начин на живот. Оние, коишто не го примаат ова, стануваат завидливи, љубоморни, имитатори, деструктивни. Бидете примени, примајте, дека сте примени, примајте ги  критиките. Тоа е мудрост, здрав разум и терапија.

Верувајте

Оној, којшто не се доверува, не комуницира, не е отворен, не е поврзан, не создава длабоки и стабилни врски, не знае како да создаде вистинско пријателство. Без доверба, нема искрени и взаемни односи. Недовербата е недостаток на верба во Вас.

Не живејте го животот тажни

Добриот хумор. Насмевката. Одморот. Среќата. Тие го обновуваат здравјето и ни донесуваат долг живот. Среќниот човек ја поседува дарбата да ја подобрува средината, каде и да живее. „Добриот хумор не спасува од рацете на докторот“. Среќата е здравје и терапија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi