Ако сакаш да студираш на Оксфорд, мора да знаеш зошто лавот носи грива :)

8 октомври, 20110
oksford

Невообичаени прашања за студентите на Оксфорд.

Оксфордскиот Универзитет е еден од најстарите, најпрестижните и најугледните во светот, но поставува крајно необични прашања за своите потенцијални студенти на приемниот испит. Меѓу прашањата било и следново:„зошто лавот има грива“, „зошто бубамарите и јагодите се во црвена боја“.

Илјадници млади кои овие денови ги пополнуваа пријавите за запишување на овој универзитет, па реномираната образовна институција дала копија од прашалникот кои туторите ги користат, за меѓу толпата ги изберат само оние најквалитетни и најталентирани студенти.

Така, на пример, од младите кои сакаат да се запишат на биологија ќе мора да одговорат,  зошто е важно тигрите да не изумрат.

А оние кои се заинтересирани за наука на материјалите ќе мора да кажат колкава треба да е температурата на воздухот во балонот за да може да се подигне слон.

На идните правници им е поставено прашањето:„ доколку казна за погрешно паркирање би била смртта, што значи никој погрешно да не се паркира, дали тоа би било правна или ефикасна законска мерка?“.

А студентите кои сакале да учат француски биле запрашани, која е поентата да се студира фрнацуски кога англискиот се зборува насекаде…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi