Научниците тврдат дека доколку сакате поголемо семејство, треба да барате маж кој ќе биде повозрасен од вас.
Според истражувањето спроведено на Универзитето во Виена, шансите на една жена да има три или повеќе деца се поголеми доколку избере партнер кој е постар од неа најмалку шест години. Главниот научник на истражувањето, Д-р Мартин Федер, ваквите резултати на истражувањето ги објаснува со фактот дека потрадиционалните мажи, кои исто така сакаат повеќе деца, најчесто се заљубуваат во жени помлади од себе, а традиционалните жени се заљубуваат во мажи постари од себе. Токму поради тоа, таквите парови се одлучуваат да имаат повеќе деца.