Ако започнете диета во вторник, сигурно нема да ја издржите до крај!

popara30 октомври, 20111min00
dieta

Доколку размислувате за нова диета, не ја започнувајте во вторник, бидејќи вторник е најлошиот ден за започнување на режим за исхрана за слабеење.

Оние кои почнуваат  диета во недела или понеделник почесто успеваат да ја издржат диетата до крај и да ги намалат вишокот на килограми, за разлика од оние кои ја започнуваат диетата во вторник.

“Промена на навиките за јадење може да биде тежок предизвик, без разлика на тоа кој ден од неделата ќе решите да ја започнете диетата. Сепак, податоците покажуваат дека луѓето се најмотивирани да издржат докрај со диетата доколку ја започнат во недела“, тврдат научниците. Според нив, оние кои ја започнуваат диетата во недела побрзо и поефикасно се ослободуваат од несаканите килограми затоа што имаат повеќе волја.

Според истражувањата, во просек жените започнуваат со држење на диета три пати во годината. Повеќето од нив се откажуваат во петок, по стресна работна недела и во очекување на добра храна за време на викендот.

Жените се во постојана борба да направат баланс помеѓу работата и приватниот живот, па психичката и физичката подготвеност се важни за успешно држење на диета. Пред диетата неопходно е да се купат намирници кои се потребни за избалансирана исхрана и да се отстранат сите видови на храна кои дебелеат, па со тоа ќе избегнете да грицкате што ви дојде на дофат на рака.

Според податоците од истражувањата, главни непријатели на диетата се апатијата, досадата и удобноста. Дури една четвртина од испитаниците признаваат дека за време на држење на диетата наместо да ослабнат, тие се здебелуваат. За да го избегнете овој проблем, направете ги потребните подготовки.

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma