Појадокот штити од кариес

30 октомври, 20110
karies

Тинејџерите и децата кои го прескокнуваат појадокот и немаат урамнотежена исхрана имаат значително поголем ризик од развивање на проблеми со забите. За да се спречи појавата на кариес и други стоматолошки проблеми, важно е да се избегнуваат слатките и газираните пијалоци, а да се зголеми внесувањето на овошје и зеленчук.

Доколку сакате здрави заби, во никој случај не смеете да го прескокнувате појадокот. Според стоматолозите, појадокот има витална улога во зачувување на здравјето на забите и ја спречува појавата на кариес.

За да го зачувате здравјето на вашите заби, вашиот појадок треба да се состои  од млечни производи (млеко, јогурт,сирење), житарици (леб, бисквит или цереали) и една чаша свежо исцеден сок од овошје богато со витамин Ц, бидејќи оваа комбинација е идеална за здравјето на забите.

Покрај тоа, треба да избегнувате газирани пијалоци и слатки, бидејќи тие ја оштетуваат глеѓта на забите, а треба да внесувате овошје и зеленчук кои делуваат како природни чистачи на вашите заби.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Eskişehir escort - escort -

Sağlıktan Haber

- Korsan taksi - betasus giriş