Изберете вратоврска според бојата на косата!!!

30 октомври, 20110
kravati

Иако не постојат генерални правила, експертите сепак препорачуваат да изберете вратоврска според бојата на вашата коса.

Црна коса: Изберете црна или бела вратоврска. Во црно бела комбинација на одело и кошула може да изберете и црвена кравата. Исто така за црнокосите одлична комбинација е и темносино одело со светло сива кравата.

Темнокафена коса: Изберете вратоврски во виолетова, светлозелена и сите нијанси на сината боја. За вас одлична комбинација е темнокафен костум во крем кравата со сив дизајн.

Русокоси: На русокосите генерално им одговараат сите типови на кравати. Изберете светло сина, розева или пак портокалова вратоврска, но одлично ќе ви прилега и темноцрвена или пак вратоврска во златна нијанса.

Црвена коса: Бидеќи бојата на косата не се разликува многу од тенот, изберете вратоврска во темна нијанса која ќе биде забележлива. Може да изберете темно сина, темно сива или пак црна вратоврска во комбинација со светло сина или светло сива кошула. Избегнувајте ги сите нијанси на црвено и портокалово, но уживајте во сребрената и темнозелената боја.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi