Поранешниот уличен чистач на чевли, кој е роден без нозе, го следи својот сон да стане акробат. Lv Li, кои има 30 години, од Shidao, Dengfeng, Henan провинцијата, сега живее од изведување акробации на улица. Негова амбиција е да влезе во некоја позната акробатска група, иако изјавил дека е задоволен и среќен со уличните настапи. “ Јас ги сакам акоробациите, и се чуствувам среќен кога го правам тоа“, рекол Ли.
“Со здравјето не сум баш најдобро, но ќе продолжам да го правам ова се деодека можам, иако низ градовите власитите, стануваат се построги со уличните изведувачи“, додал тој.
Неговата решеност да го надмине својот хендикеп допре до многу луѓе кои го виделе како изведува настапи, вклучувајќи и еден бизнисмен, кој изјавил неговиот пример, го спречил да си го одземе сопствениот живот.