Al Capone I дел

14 јуни, 20111
al-capone copy

Алфонс Капоне Габриел, (17 јануари 1899 – 25 јануари 1947) е американски криминалец кој влегол во историјата како еден од најславните икони на популарната култура, 20-ти век.

Тоа беше четврто дете од девет браќа и сестри. Капоне беше секогаш голем, па го напуштил училиште во четврто одделение, бидејќи тој бил тепан од страна на директорот. Капоне пред овој настан сам го претепал својот учител. Иако живеел во опасна населба, тој се обидел да остане чесен и првично работел во слаткарници и книжарници. Откога неговиот постар брат Винсент заминал од Бруклин, Ал се приклучил на “James Street” банда. Тоа била тинејџерса  банда предводена од Џони Торио. На 12 години тој станал член на “South Brooklyn Rippers” банда откако се преселил во Јужен Бруклин.

На 18 годишна возраст, неговиот шеф му понудил работа во “Howard Inn”, ресторан на брегот на Coney Island. Во летото на 1917 година, додека тој работел таму, се доближил до сестрата на Френк Галучио и рекол: “Имате прекрасен задник, сфатете го ова како комплимент”. Се разбира, нејзиниот брат барал извинување од Ал Капоне, а кога Ал Капоне решил да го стори тоа, Галучио извадил нож и го исекол на левиот образ. Оттука потекнува и називот “Scarface”. Капоне подочна ова го објаснувал на новинарите дека е рана со која се здобил во Франција во Првата  светска војна. Се разбира, Капоне никогаш не бил регрутиран за војска ниту се борел во Франција. Галучио во едно интервју изјавил дека ударот не бил доволно силен за да го бутне Ал, па инстинктивно го извадил ножот.

Во 1918 година Ал се заљубил во девојка од Ирска, Меј. Иако таа била речиси две години постара од него, тие се венчале истата година. Меј набрзо го родила Алберт Капоне.

Кон крајот на 1918 година Капоне решил да го наплати долгот за Yalea. Кога лидерот на White Hand бандата, “Wild Bill“ Lovett дознал дека Капоне пречи на еден од неговите луѓе, тој одлучил да го убие. За да го спаси, неговиот ментор Френки Јеил го испратил Џони Торио во Чикаго. Таму тој работел за “Биг Џим” Колосимо и Торио. Торио се расправал со својот чичко Колосимо за трговија со алкохол, која Колосимо ја забранил. Tорио и Капоне за време на забрана на алкохол во САД сфатиле дека може брзо да се збогатат. Торио одлучил дека мора да се ослободи од својот чичко. Договорил Колосимо да биде присутен за време на истовар на роба од камионите и со само два куршума Колосимо паднал мртов на земја. Убиец бил Ал Капоне. Торио сега бил на самиот врв на подземниот свет, а Капоне бил негова десна рака. Тие одлучиле да го превземат целиот град, па така и бандите кои не сакале да се покорат биле “принудени”.

Бандата “O’Banion” не сакале да ги покорат, па пради тоа влегле во војна со Торио и Капоне. O’Banioni го смесите Торио во болница, а кога по еден месец излегол, тој зел 30.000.000$ и се вратил во Бруклин. Така,со само 26 години Ал Капоне сатанл шеф на едена од најголемите мафијашки семејства. Семејството имало над 1000 членови. Иако Капоне бил убиец, макро, собирач и трговец на алкохол, јавноста го сакала. Често пати бил виден во друштво на политичари, бизнисмени и филмски ѕвезди. Ја ограничил работата само со задачи кои јавноста ги сакала – алкохол, коцкање и жените. “Бидејќи, ако им го дадеш она што тие го сакаат, тие нема да ви судит”, изјавил Ал Капоне. Кога бил виден на некои културни настани, јавноста често му аплаудирала и скандирала.

Капоне имал изградено репутација на стравопочит, па така ниедна ривалска банда не смеела да се натпреварува во рекетарскиот бизнис. Капоне бил опкружен од луѓе на кои им верува, Френк Нити ” Machine Gun ” McGurn, Тони ” Joe Batters ” Accardo. Довербата била сето тоа што Капоне поседува, затоа што ако веруваш на своите телохранители, тогаш ти си практично мртов човек. Оваа доверба што тој ја изградил била взаемно меѓу неговителуѓе. Но, и со толу луѓе од доверба, на Ал биле извршени неколку неуспешни обиди за атентат. Еден таков е бил исцениран од страна на бандата “O’Banion”. Неколку напаѓачите дошле пред ресторанот на Ал со сачмарки и автомати. Испукале над 1000 куршуми, но Ал успеал да се скрие и да се извлече без гребнатинка. Кога новинарите го прашале дали тој знае кој го изреализирал овој напад, тој рекол дека тоа е веројатно некој од неговите клиенти на кои не им се допаднала храната. Но, на Капоне му било познато дека го издале тројца од неговите луѓе Џон Шалце, Алберт Анселми и Хоп Тод Гинта. Но, Капоне не останал должен, тој ги поканил на вечера со другите пријатели и по вечерата со стап им ги разбил главите.

продолжува…

One comment

  • Libertor

    15 јуни, 2011 at 11:26

    Zakon faca

    Reply

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *