На големо се зборува дека Арапската Ал Џезеира после отварање на свој ТВ канал во Босна, е заинтересирана за купување ТВ канал и во Македонија. Како што дознавме, претставници на мрежата веќе комуницирале со лица од А1 ТВ. Дури се зборува дека и Ал Џезеира го “ врбувала “ Един Хајдарпашиќ од А1 за одговорен уредник на телевизијата во Македонија. Ккао што сигурно знаете, Горан Милиќ од ХРТ е веќе назначен за главен и одговорен уредник на Ал Џезеира Балканс, а Иво Латин, уредникот на најгледаната Хрватска отворена емизија, Латиница, за уредник на информативната редакција на именуваната телевизија.
Дали шушкањата ќе станат јаве, ќе дознаеме веќе во неделите што следат.