Познатиот глумец бил во авион на Американ Ерлајнс кога ја играл играта “Word with Friends” на својот мобилен телефон. Стујардот го замолил да преќине со играње и да го остави мобилниот пред полетување, но Алек не можел да се воздржи па персоналот го замолил да го напушти летот.
Неговиот потрпарол изјави “Вработените го замолиле Алек да го напушти летот бидејќи си ја играл својата омилена игра. Толку ја сака играта што доброволно го напуштил летот и се качил на друг”. И самиот Алек подоцна се огласил на Твиер.
“Стујардот на Американ Ерлајнс ме исфрли од авионот затоа што сум играл игрица, а ние се уште не полетувавме. Тоа беше мојот последен лет со Американ Ерлајнс кој вработува пензионирани професори по телесно воспитување од католички школи од 50-тите години на минатиот век”, напишал тој.