Алекс ја оставил Пипа, бидејќи не можел да го поднесе целиот “циркус” што се случувал околу неjзе!

13 ноември, 20110
Temperley Catwalk - London Fashion Week

Со оглед дека многу мажи би сакале да бидат во врска со Пипа, очигледно е да се претпостави дека токму таа му “раскинала” на нејзиното момче Алекс, но медиумите пишуваат дека токму тој одлучил да стави крај на нивната врска.
Според зборовите на нивниот заеднички пријател, Алекс не бил во можност да го издржи целиот “циркус” што ја прати неговата девојка.

– Точно е дека Алекс ја сака Пипа, но повеќе не можеше да го издржи тоа што се случува околу Пипа, изјавил нивниот пријател.

Друг нивен семеен пријател изјавил дека Пипа сите ја канат на забави или разни случувања во градот, таа е секаде посакувана и добредојдена, но Алекс многу не сакал забави и излегувања.

– Го мразеше фактот што папараците ги следеа секаде каде ќе одат и поради тоа многу не сакаше да излегува. Тој го сака своето семејство, пријателите, сака да игра на крикет и нема време за славна личност – изјавил нивниот близок пријател.

Сепак, Пипa токму тоа стана, славна личност.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Eskişehir escort - escort -

Sağlıktan Haber

- Korsan taksi - betasus giriş