Александар Сариевски

26 јули, 20110
Aleksandar_Sarievski

Извонредниот пејач и композитор на песни, Александар Сариевски (20 јуни 1922 – 19 декември 2002), e една од најголемите легенди на македонската музика. Роден во Галичник, средното образование го завршил во Скопје, кога и почнал да свири хармоника. Во 1946 во Македонското радио ја снимил песната «А бре невесто око калешо», со што почнува неговата голема и исклучително богата музичка кариера.

Во своите песни ги опеал родниот Галичник, невозвратената љубов, печалбарството, а познат е и по многуте хумористични песни. Тој беше пејач за кој со право народот вели дека се раѓа еднаш во сто години и чии песни вечно ќе зрачат со својот сјај. Неговиот музички опус претставува дел од македонското културно богатство.

Сариевски е еден од основачите на ансамблот «Танец» и постојано патувал низ светот во благородна мисија на ширење на приказната за оригиналниот македонски народен мелоз. Сариевски е еден од најголемите амбасадори на автентичната култура на македонскиот народ.

Македонската култура и македонската музичка сцена му е благодарна на Александар кој беше човекот што ги премости океаните и на сè македонско во светот со децении му носеше врска со родниот крај, а на далечните народи најубедливо им говореше за трајноста на македонското име и богатството на неговата културна ризница.

Телеграма со изрази на искрено сочуство по повод смртта на Сариевски до неговото семејство упатил иминистерот за култура Благој Стефановски во која се вели дека «со смртта на овој доајен замина човекот, кој низ звукот на тапанот во „Тешкото“, низ народната песна, низ целиот свој живот од Галичник до легендата ја опеваше душата и битот на македонскиот народ».

http://www.youtube.com/watch?v=g9HeZatgbZw&playnext=1&list=PL205544FFCDCAA1CA

httpv://www.youtube.com/watch?v=kmKns62sje0

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi