Алесандра Амбросио повторно бремена! Плодна година богами:))
28 декември, 20110
Моделот Алесандра Амбросио, која веќе има три годишна ќерка Ања со вереникот Џејми Мазур наскоро ќе добие ново дете. Алесандра е во четвртиот месец од бременоста, а среќната вест на вереникот му ја соопштила во септември. Сега тоа го признала и во интервјуто за бразилското списание Istoe Gente. Таа вели дека со нетрпение го очекуваат нивното дете, бидејќи таа отсекогаш сакала големо семејство.
“Семејството за мене е најважната работа и јас сум воодушевена што ќе добиеме уште еден член. Среќна сум што имам семејство со целосна поддршка и љубов. Тоа е вистински благослов”, заклучила 30 годишната манекенка.