Алкохолот најдобар пријател на човекот :)

10 август, 20110
mg 01

Човекот има нов најдобар пријател, а тоа не е кучето.

Возрасните кои се под стрес сакаат после работата сакаат да се „дружат“ со шише вино многу повеќе отколку со децата или партнерите, открива новото истражување во Британија.

Дури 6 од 10 возрасни особи изјавиле дека после напорен ден избираат вино наместо фамилија, додека 28% најдобро се опуштаат со своите деца.

Само 26% се одлучило за опцијата да разговара со партнерот.

Истражувањето на фондацијата „Drinkaware“ вклучиле 825 возрасни, од кои жените (73%) значајно повеќе од мажите (26%) признале дека стресот го лечат со вечерна чаша вино.

61% припаднички на понежниот пол испиваат две големи чаши од овој пијалок што е 2 пати повеќе од препорачаната дневна доза. Истиот процент на мажи воглавно испива по 2 кригли пиво, кога доаѓаат дома од работа.

Кога ќе ги земеме во обзир двата пола, 61% од нив изјавиле дека пијат после стресното искуство, а 73% после добриот ден на работа. Од сите испитаници 26% сметаат дека пијат премногу барем 2 вечери во неделата.

„Кога се работи за конзумирање на алкохол, човечкиот мозок функционира така што природно се препушта после тешкиот ден“ кажува Дона досон – психолог.

„Пијалок или два дома после работа е начин да се ослободиме од стресот бидејќи мозокот одлучил дека стресот е лош, а бидејќи алкохолот го намалува, тогаш тој е добар.“

Знаеме дека после 2, 3 чаши четвртата веќе не е неопходна, па можеби дури и не ја сакаме, но мозокот рационализирал дека ако после една чаша се осеќаме добро, после додатните неколку ќе ни биде уште подобро.Мораме да обрнеме внимание на тоа зашто, кога и колку пиеме, како алкохолот не би имал лошо влијание на нашето здравје.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Eskişehir escort - escort -

Sağlıktan Haber

- Roblox Vega X Exploit