Бибер и неговата девојка, Селена Гомез во Лос Анџелес: Во текот на вчерашниот ден, вештите фоторепортери успеале на фатат неколку кадри од интимните моменти на младите љубовџии, додека се шетале низ зоолошката градина во Лос Анџелес.
Дали реков љубовџии? Па, мили луѓе, каде е љубовта тука? Валјда не се префрлила на слатките животни кои ги има на секој чекор во зоолошката…
Искрено, на сликите не гледам насмевки, нема хемија, нема држење за раце, ништо. Наместо тоа, Џастин и Селена се некако нерасположени и тажни. Можеби се налутиле на папараците кои ги следат во секој можен чекор…
Каква ли иднина го чека овој млад холивудски пар, или да не речам фарса, којзнае… 🙂