Амбасадорот Рикер добитник на наградата за лидерство за 2010

22 април, 20110
rr
Амбасадорот на САД во Македонија Филип Рикер ја доби наградата за лидерство за 2010 година, признание кое го доделува Институтот за демократија и развој, а која ќе му биде доделена на петти мај.
Наградата се доделува на истакнати јавни личности или институции кои  покажале посебни резултати и истакнато ангажирање во демократската консолидација и процесот на реформи на Македонија.
Во соопштението се наведува дека Советот за доделување на Наградата за Лидершип, смета дека минатата година амбасадорот Рикер покажал извонредно лидерство во зајакнувањето на демократските капацитети на земјата.
Со неговите активности тој дал многу значаен придонес во поддржување на граѓаните на земјава да создаваат издржлива доверба, трпение и визија за интегрирањето на земјата во ЕУ и НАТО.
Од големо  влијание било неговото охрабрување за граѓаните на Македонија за да ја зачуваат надежта во процесот на интегрирање и да не дозволат да ја поместат определбата на интеграциите- и покрај тешките и комплицирани времиња со кои се соочувале земјата и нејзините граѓани. Тој работел интензивно и со храброст со властите во Македонија, цивилното општество и со граѓаните во процесот на институционално реформирање.

Извор: Нетпрес

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Eskişehir escort - Sekabet kaç oldu -
Superbetin yeni adresi
-

Dinamobet link

-

kolaybet giriş yapamıyorum

- escort - Casinomaxi bağlan - Goldenbahis - Sultanbet - Superbetin -

Sağlıktan Haber

- Roblox Vega X Exploit