Амелија е најмладата личност која скијала на Јужниот Пол

popara10 декември, 20111min00
gty_amelia_hempleman-adams_nt_111209_wg

Британката Амелија Хемплемен – Адамс (16) е најмладата личност која за две недели со скиите поминала 156 километри преку Антартикот. Таа на оваа авантура заминала со својот татко Дејвид Хемплемен – Адамс.

Дејвид е првиот човек кој на Антартикот тргнал самостално и без поддршка, а сега неговата ќерка е најмладата личност која таму скијала.

Амелија и Дејвид добила поддршка од Александра Шеклтон, внука на Ернест Шеклтон, еден од пионерите на истражување на Антартикот. Александра и подарила на Амелија форографија од својот дедо.

“Навистина сум среќна што овој голем чекор успешно заврши и многу сум горда. Возбудливо е да знаеш што си постигнал. Сеуште ми е многу чудно , но сигурна сум дека за успехот ќе бидам свесна по неколку дена”, изјавила Амелија во првото јавување на сателитски телефон.

Амелија додала дека по звршувањето на експедицијата само го прегрнала својот татко и му честитала. Таа си понела дури и училишна домашна задача по географија, но вели дека кога ќе се вовлече во шаторот, толку е ладно што ништо не и доаѓа на ум.

Амелија за овој пат тренирала во голем ледилник каде се навикнала на ниска температура. Најмалдата личност која скијала на Јужниот Пол без поддршка на кучиња или моторни возила до сега била Сара Ен Мк Наир Ландз (18) која својата експедиција ја завршила во 2005 година.

Нејзиниот подвиг е забележан во Гинисовата книга на рекорди. Меѓутоа, сега Амелија ќе ја превземе оваа титула иако таа вели дека нема за цел да соборува било какви рекорди.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag