Американците го сакаат Реган да ги спаси од кризата и рецесијата, така покажала анкетата на Венити Фер и „60 минути“.
Кога американците би можеле да бираат кој од поранешните претседатели би сакале да ги води во ова време на рецесија, тие го избраа Роналд Реган. Според анкетата на Венити Фер и американската емисија „60 минути’, Реган добил 36% од гласовите на луѓето
На второ место е Френклин Рузвелт со 26%, додека трет е Томас Џеферсон со 13% од гласовите на американците.
Анкетата исто така покажала дека Хилари Клинтон би била најдобриот кандидат за американски претседател со 68% од гласовите.
Анкетата била спроведена во период од 28 септември до 2 октомври, а опфатила 1012 возрасни американци.