Го вадел мобилниот од шахта, па се заглавил до “пола“! Се има! :)

27 јули, 20110
01

21-годишниот Џеред Медериоус од Калифорнија, кој во Четвртокот бил пронајден заглавен во одводот за вода, од кој му виреле само нозете, тврди дека не бил пијан, туку дека бил жртва на напад на локалната банда, пренесува „Дејли Мејл“.

Џеред кажува дека членови на бандата го опљачкале и го фрлиле неговиот мобилен телефон во одводот, а тој се заглавил во одводот обидувајќи се да го дофати и да повика полиција.

„Одев сам по улица кај својот пријател и поминав покрај четири момчиња. Еден од нив ме удри отпозади. Почнав да се тепам со еден, но осттанатите му прискокнаа во помош, ме удрија и ме соборија на земја“, изјавил Џеред.

Тој додава дека главата му била повредена, и дека почнал да се тресе кога осетил крв која тече од главата, поради што тргнал по телефонот како би повикал помош.

Бил заглавен цели 40 минути, пред 16-годишната Брајана Муни, која живеела во близина на одводот, приметила нозе кои се нишаат од одводот и слушнала позиви за помош. Брајана го повикала својот пријател, а тој својата тетка која живеела неколку куќи од онаа на Брајана, а набрзо стигнале и пожарникарите кои го извлекле Џеред.

Погледнете го видеото тука.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma