Американка се обидела да продаде двегодишно девојче преку интернет аукциската куќа “И-Беј“.
Портпаролот на полицијата Марк Бенет изјавил дека жената дури и ја прифатила понудата на еден корисник, кој верувал дека станува збор за шега.
Тој веднаш ја известил полицијата и помогнал во потрагата по жената. Весникот “Холанд Сентинел“ објавил дека полицајците ја пронашле 20 годишната жена во местото Алендејл Тауншип.
Девојчето било во сродство со жената и и’ било оставено на чување. Детето веднаш било предадено на мајката, а Бенет изјавил дека причина за ваквата постапка било тоа што на жената и требале пари.
Извор: Нетпрес