Американски палачинки со боровница

29 октомври, 20110
blueberrypancakes

Потребни состојки:

  • 2 јајца
  • 180 гр брашно
  • 3 лажички шеќер
  • 2 лажички на прашок за пециво
  • 1 лажичка сол,
  • 250 мл. неутрална павлака,
  • 2 лажици растопен путер
  • 150 гр мармалад од боровинки.
  • 50 гр. боровинки
  • Масло за јадење.

Припрема:

Скршете ги јајцата и одвојте ги белките од жолчките. Изматете ги жолчките. Во посебен сад измешајте го брашното, прашокот за пециво, шеќерот и солта. Потоа додадете ја смесата во изматените жолчки, додадете го растопениот путер. Изматете ги белките и додадете ги во садот, па додадете ја неутралната павлака и изматете со миксер се додека смесата не се соедини. Додадете ги боровинките па промешајте.

Во тавче за палачинки ставете малку масло да се загрее. Потоа ставете една црпалка од смесата и направете палачинка со дијаметар од 10 сантиметри. Печете се додека не се појават меурчиња, па превртете ја палачинката.

Наредете неколку палачинки во чинијата за сервирање, па одозгора полијте ги со мармаладот од боровинки. Добар апетит!

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi