Американците се утепаа купувајќи ја маската со ликот на Чарли Шин по повод Ноќта на вештерките
25 октомври, 20110
Актерот Чарли Шин стана вистински претприемач.
Всушност, Чарли почнал да се богати со продавање на маски и костими со неговиот лик, кои ги продава по повод Ноќта на вештерките.
Чарли влегол во проект со ланец на стоковни куќи кои ги продаваат костимите и маските со неговиот лик. Една маска на Чарли Шин изнесува 15 долари.
Според некои клиенти, маските се “жешка стока“, а во некои продавници веќе се распродадени.
Неодамна, Чарли на својот Твитер профил објавил слика каде во раката држи своја маска, и напишал дека ќе ја носи за Ноќта на вештерките.