Кога луѓето на Осама бин Ладен ги удрија авионите во кулите близначки во Њујорк, пред 10 години, американците веднаш добија голема поддрша и солидарност од Европа, па дури и насловната страница на еден францускиот весник “Ле Монд“ беше “Сега сите сме Американци“.
Тоа не продолжи долго. Следеше деценија на воени притисоци врз старите сојузи, малку луѓе во Париз ќе ги заборават американските шеги за “јадачите на сирење“. И сега смрта на Бин Ладен, невооружен, од рацете на американски командоси, донесе нов бран ма противречности од двете страни на Атлантикот. Возвиените Американци се собраа на Тајмс Сквер во Њујорк, за да скандираат “САД, САД, САД!“ и го преплавија интернетот со пораки “Го добивме“, “Осама, поздрави го Хитлер од нас!“…
Европјаните, исто така мета на Ал Каеда, беа повоздржани во изразувањето на задоволството. Не воопшто не е за потценување фактот дека многу луѓе почнаа да поставуваат прашање за законските и моралните основи за убиството и заканите од одмазднички напади. Токму овој однос ги извади од кожа Американците. Американското мнение за европските критики ги смета европјаните за “арогантни, самобендисани, неразумни и неблагодарни“, како што коментира американски корисник на еден интернет форум.
Заеднички вредности, различни позиции
Европјаните и’ се восхитуваат на американската ангажираност за заедничките вредности како демократијата и владеењето на правото, но стравуваат дека американската политика, особено кон муслиманите, се заканува дека ќе ги навреди тие вредности и ќе создаде проблеми во иднина.
“Демократските држави не егзекутираат луѓе без претходно да минат низ процесот на правосудството. Ако тој процес биде заобиколен, значи не сте воопшто подобри од самите терористи. Дали тоа е премногу? Дали треба јас, еден европјанин, да бидам пречекан со потсмев од другата страна на океанот? Веројатно сметате така. Но, ве предизвикувам да ја оспорите таа логика“, смета британецот Тони Меткалф главен уредник во медиумската групација во САД “Метро“.
Калифорниецот Даниел Лерол, кој работи во Шпания, вели: “Моите европски пријатели… се многу цинични по тоа прашање. Не се согласуваат со изјавата на Обама дека правдината е постигната“.
Американците се од Марс, Европјаните се од Венера
Нема недостаток од европски коментари за случајот, кои би биле на место и во американските медиуми. Потсетувајќи на нападите во Њујорк и во Лондон, британскиот весник “Сан“ објави наслов : “Бин Ладен бил невооружен – исто какои жртите од 11 септември и од 7 јули“.
Јорг Куос, коментатор во германскиот “Билд“, во напишаното се осврнува против критиките на канцеларот Ангела Меркел, која го поздрави убиството на Бин Ладен, и изјави: “Каква шанса им дадоа убијците на Осама на жртвите во Светскиот трговски центар, кои живи изгореа, беа згмечени или во паника скокаа од 100-ти спрат?“.
Уредникот на весникот “Ханделсблат“, Габор Штајнгарт, напиша: “Треба ли да се радуваме на смртта на човечко суштество? Краткиот одговор е – не. Малку подолгиот одговор е – во тој случај – да, зошто насилната смрт на Осама бин ладен е поврзана со надежта. Една смрт, која веројатно спречува смрта на многу луѓе. Американскиот успех ги воодушевува и ги засрамува Европјаните. Континентот, кој е еднаков по население и по економска моќ со САД, не најде начин ниту пак воља да ги заштити вредностите и својот просперитет. Поголемиот дел од Европјаните, како и Германците, не се единствени и не сакаат да ги прифатат основните заклучоци од веќе 10-годишната војна со меѓународниот тероризам – таа војна не е како другите војни, кои ги познаваме од историските книги“.
Опасности од терористичи напади
Во Рим, американскиот новинар фриленсер, Бернард Ворнер, изјави дека го разбира значењето кое неговите сограѓаните му го даваат на “одзимањето на скалпот“, на Бин Ладен по години на незадоволств.
“Важното за Американците е чувството дека си ја завршиле работата. Од друга страна, Европјаните јавно разбираат дека нештата се многу посложени.“
Хол Гарднер, професор по меѓународна политика во американскиот универзитет во Париз, вели дека клучната разлика не е во антипатијата кон Бин Ладен, која е заедничка, туку во тоа колку различно изгледа иднината, гледана од Тајмс Сквер, од една страна, и гледана од Шанз-Елизе, од друга страна.
“Често се заборава дека токму Французите беа оние кои први ги поддржаа САД во Советот за безбедност во ООН за отпочнување на воените дејствија во Авганистан по 11 септември 2001 година“, вели Гарднер.
Различностите се кријат во песимизмот. Французите воопшто не веруваат дека смртта на Бин Ладен ќе доведе до окончување на светската војна против тероризмот. Тие се плашат од заговори и од напади, како оние кои доведоа до смрт на француски граѓани во Маракеш, минатата недела, но и од реалната можност за следбениците на Бин Ладен да преземат голем одмазднички напад.
Извор: Нетпрес