Најпознатиот модел во светот трансексуалецот Андреј Пејиќ не сака на фотографиите да му се види истакнат неговиот полов орган.
Поточно, за време на снимањето на познатиот магазин кој е наменет за хомосексуалците “Out”, Пејиќ открил дека добил “непристоен предлог” да се слика со ерекција, која без размислување, ја одбил!
– Сакам да бидам во служба на убавината, а не на порнографијата – изјавил Андреј.
И покрај тоа што учествува на машки и женски ревии, и е објект на обожување и на двата пола, младиот модел тврдоглаво одбива да ја открие својата сексуална ориентација, така сè останува на ниво на шпекулација.