Познатата актерка Анџелина Џоли била обвинета дека купила две парцели земјиште во Камбоџа од Та Тит, поранешен лидер на милитантната организација на Црвените Кмери, за кое платила 25.000 долари. Тит, кој инаку се смета за еден од најозлогласените лидери и кој е обвинет за геноцид, кој го извршил во текот на 70-тите години, го бараат и од Обединетите нации поради злосторства направени против човештвото.
Поранешен соработник на актерката, Моун Сарат, тврдел дека актерката му наредила да го купи земјиштето за околу 25.000 долари. Сарат изјавил дека Џоли знаела дека Тит припаѓа на Црвените Кмери. Тој отворено признал и дека со Џоли се во судски спор последните пет години, поради неисплатени обврски кои стоеле во нивниот договор од околу 1,5 милиони долари.
Инаку, Анџелина Џоли во 2002 година во Камбоџа го посвои и своето прво дете, синот Медокс, а во 2005 година доби државјанство од таа земја. Во Камбоџа, таа заедно со својот сопруг Бред Пит основале хуманитарна организација „Џоли Пит Фондација“, за која и го купила споменатото земјиште.
Тит бил обвинет од ОН за злосторства направени против човештвото во период од 1970 до 1979 година, а се поврзува со најмалку 13 убиства.
Судејќи според судската документација, Тит бил главен командант кој водел сметка за областа во Камбоџа во која скоро 600.000 луѓе умреле под власта на Црвените Кмери.
Анџелина Џоли се уште не изјавила ништо во врска со овие обвинувања.