Анџелина Џоли во изненадна посета на Тунис

6 април, 20110
angelina in tunis

Амбасадорката на добра воља, Анџелина Џоли ги изненади избеглиците од Либија, во Тунис. Таа без најава отишла во Тунис, со цел да ги посети избеглиците и финансиски да им помогне. Кога се појавила предизвикала хистерија кај присутните. Нејзиното име било извикувано од страна на избеглиците, при што обезбедувањето имало прилично тешка задача да ја запре толпата народ кој се обидувал да застане што поблиску до неа.

Затоа и дел од нејзините планови биле откажани, со цел да се заштити од непредвидени ситуации. Но, тоа го искористила да остане и подолго да поразговара со многуте избеглици.

Една од жените изјавила дека не гледала ниту еден филм од Анџелина, но драго и е што таа дошла да ги посети и да го сврти вниманието на властите како би ги натерало да направи нешто за нив.

Овој пат Анџелина во Тунис била сама, без нејзиното семејство.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi