popara24 август, 20111min00
naslovna-angkorwat

Град од бајките во џунгла

Францускиот истражувач Ерин Муо го изненадил светот со едно свое сензационално откритие во 1858 година. Во своите извештаи напишал дека во џунглите на Камбоџа, открил храм толку величенствен што сите грчки и римски ги оставил зад себе. Храмот наречен Ангкор Ват може да сеспореди и со храмот на Соломон.

Набрзо се открило дека Ангкор Ват не е посебна градба, туку дел од огромни храмови и палати изградени во периодот од 800-1200 година, на површина од 80 квадратни километри. Подоцна се дошло до сознание дека во џунглите на Камбоџа, биле изградени илјадници храмови, а сите тие биле дело на народот по име Кмери.

Од записите во Ангкор се вели дека Кмерите не живееле само во денешна Камбоџа, туку ги имало и во делови на Тајланд, Лаос, Бурма и Виетнам. Нивно основно занимање било одгледување на ориз. За да се постигнат неколку жетви годишно изградиле огромни водени резервоари, а во самиот Ангкор се најдени два таканаречени „бараја“ корита со скоро 100 милиони хектолитри содржина. Владетелот на тој народ имал статус на бог-крал. Повеќето храмови не биле цркви во наш смисол, туку тоа биле за народот непристапни палати. Во храмот во Ангкор Ват кралот секоја вечер се венчавал со духот на една змија која имала девет глави, и која му се прикажувала во лик на жена.

Прво, околу 1050 година, настанал храмот Бабуон налик на пирамида. Подоцна е вклучен во склоп на Ангкор Том. Во владеењето на Сурјаварман Втори (1113-1146) Кмерите го изградиле раскошниот предел на Ангкор Ват, кое било посветено на богот Вишнуу. Ѕидан во облик „храм-планина“  го симболизирал центарот на универзумот. Четриаголниот ѕид кој го опкружувал, 1000 метри долг и 800 метри широк бил украсен со пет куполи. Безброј ходници и тераси покриени со многубројни скулптури, служеле како дом на богот-крал и на хинду боговите.

Народот можел да влезе само во најниската галерија, која била закитена со слики од светите преданија. За време на владеењето на кралот Јајаварман Седми (1181-1220) изграден е градот Ангкор Том со опкружување на храмовите Бајон. Јајаварман бил, спротивно од своите предходници, будиста, така што „државниот храм“ Бајон бил посветен на Буда, а исто времено сведочел за силата на кралот. Биле изградени 52 четвороаголни куполи, украсени со четри глави од 2,5 метри висина кои гледале на сите четри страни на светот.

Изборјани се преку 200 такви камени лица. Нивниот израз одговарал на лицето на Буда, а се претпоставува дека лицето на кралот било модел. Ангкор е најголемото подрачје со храмови во Азија. Покрај градбите Ангкор Ват и Ангкор Том, најдени се стотици други храмови покриени со релјеф и скулптури, сведоци на високата култура на кмерскиот народ. Околу 1000 година можно е со повеќе од еден милион жители да бил најголем град на светот, поголем и од Рим. Во последните стотина години француските археолози откопале ѕидини и обновиле многу храмови. При тоа наишле на понекоја загатка која била решена по извесно време. Најголемата била? Што го опустошило Ангкор?

Зошто 1432 година жителите го напуштила овој град на хрмаовите? Има многу теории од кои едната е дека затаило неопходното снабдување со вода? Дали непријателските народи Чам или Таји, ја нападнале богатата земја? Дали боговите кралеви, се умориле од постојаното градење храмови? Дали земјата престанала да раѓа ориз или пак луѓе биле жртвувани за религиозни почести?

Веројатно тоа никогаш нема да се дознае бидејќи нема никакви писмени докази. Пропаднатата земја од „камени фантазии“ изгледа дека ќе ја задржи својата тајна засекогаш.

httpv://www.youtube.com/watch?v=IN46a_PjKFM

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag