Антените за лоцирање на вонземјани повторно во погон!

popara18 август, 20111min00
bild_teleskop_ALMA

Софистицирани радиотелескопи поставени во Калифорнија, кои се составен дел од програмата за откривање на вонземјани (ЅЕТI), започнуваат повторно да работат после четиримесечна пауза и тоа благодарение на многубројните донатори кои обезбедија пари за продолжување на проектот.

Нивното работење било прекинато во април поради недостаок на финанскиски средства. Меѓутоа, донаторите меѓу кои и актерката Џоди Фостер, собрале повеќе од 200.000 долари со кои 42-те антени наречени „Allen Telescope Array“, ќе можат повторно да наслушнуваат „гласови од вселената“.

Покрај Џоди Фостер, која инаку го сними филмот Контакт (поврзан со оваа тематика), најдарежлив донатор е астронаутот на Аполо 8, Бил Андерс. Со парите се изнајмени вкупно 2400 луѓе.

Од институтот SETI велат дека со собраните финансиски средства, радиотелескопијата може да работи до крајот на годинава. Сепак, тој план зависи и од парите кои треба да ги обезбеди американското воздухопловство, пишува ББС.

Според изјавата на Сета Шостак од Институтот, договорот со американското воздухопловство се уште не е постигнат, но тој е длабоко уверен дека тие пари ќе бидат добиени и дека „Allen Telescope Array“ ќе започне со работа во септември или најдоцна во октомври годинава.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma