Антистрес вежби и во канцеларија

17 јануари, 20110
Businesswoman stretching

Зборот фитнес има англиско потекло и значи, способност или погодност. За да ги зачуваме нашите психофизички способности, а уште повеќе, ако сакаме да ги подобриме, неопходно е да вежбаме. Најчестата причина заради која вообичаено не го правиме тоа, е недостигот на време. Премногу часови минати на работното место, премногу домашни обрвски и сл.. Но, со добра волја, малку екстра организација и дисциплина, ова нема да биде пречка. Така, ако додека го читате овој текст сте во канцеларија, фабрички погон, дома или на некое друго место, подобро е веднаш да почнете да вежбате. Овие вежби не бараат голем физички напор, специјална опрема или место, но затоа значително го подобруваат крвотокот, ги активираат и најпасивните мускулни групи, ја интензивираат перисталтиката на цревата и го амортизираат стресот. Застанете со споени стапала и исправен рбет и поглед насочен кон таванот, кренете ги рацете и испружете ги како да се протегате. Притоа, поткренете се на прстите. Ова повторете го со бавно темпо пет-шест пати.
Во истата положба (а може и седејќи на стол) ставете ги рацете зад грбот, така што со дланката на левата рака да го допрете лактот на десната и обратно. Потоа со брадата допрете ги градите, зафрлете ја главата наназад додека не почувствувате како вратот крцка, наведнете ја главата како да сакате со увото да го допрете рамото и на крајот направете неколку кружни движења во двете насоки. Стојеќи или седејќи испружете ги рацете во висина на рамениците, а потоа правете мали кружни движења во двете насоки. Од истата положба спојте ги испружените раце во пределот на градите. Повторете го ова најмалку пет-шест пати.Седејќи на стол, наведнете се и со челото допрете ги колената, а потоа останете во таа положба неколку секунди. Со рацете опфатете ги потколениците. Исправете се и вдишете воздух, а потоа повторете ја вежбата. Во седечка положба допрете го подот со врвовите на прстите од рацете како да сакате да подигнете пенкало кое паднало. Направете го тоа неколку пати наизменично со двете раце. Во седечка положба фатете се со рацете за седиштето на столот, а потоа неколку пати исправете ги колената така што стапалата да дојдат во висина на седиштето на столот. Задржете се во таа положба неколку секунди. Станете од столот и допрете се со една рака на работната маса или друг дел од работната просторија кој е стабилен. Потоа свиткајте ја едната нога во коленото и обидете се да го дофатите глуждот на ногата со слободната рака. Повторете го ова наизменично со двете нозе и раце. Застанете со малку одвоени стапала, а потоа клекнете како да поткревате некој предмет од подот, исправете се и испружете ги рацете како да сакате предметот да го поставите на висока полица. Повторете го ова неколку пати. Овие, но и многу други вежби кои можете да ги измислите самите, најдобро е да се вежбаат некаде во средината на работниот ден, особено после појадокот. Ефектите од овие вежби ќе ги почувствувате уште истиот ден, а во наредните недели ќе се чувствувате се подобро и ќе имате поголем елан за работа.

Извор: статијамк

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Eskişehir escort - Sekabet kaç oldu -
Superbetin yeni adresi
-

Dinamobet link

-

kolaybet giriş yapamıyorum

- escort - Casinomaxi bağlan - Goldenbahis - Sultanbet - Superbetin -

Sağlıktan Haber