Фудбалерот на Интер, Самуел Ето би можел да се пресели во Анжи од Махачкал, доколку ја прифати нивната неверојатна, досега незабележана понуда од 20 милиони евра за една сезона!
Богатите сопственици на рускиот клуб знаат дека Ето не сака да замине од Италија, но се убедени дека ваквата понуда би можела да го натера да се предомисли.
Пребогатиот Сулејман Керимов сака да доведе некоја супер ѕвезда во Дагестан. Се говореше за Нејмар кој ја одби понудата, Порто не сакаше да го продаде Хулк, сега на мета е Ето.
Имено, понудата од 20 милиони евра за година е далеку повеќе од она што заработува било кој фудбалер на планетата, па така Камерунецот би станал светски рекордер.
Секако, се прашува и Интер, но ако Камерунецот сака да го напушти клубот, Италијаните би се нашле на огромни искушенија.