Американскиот свештеник, Харолд Кемпинг најави дека ќе дојде крај на светот и постоењето на човештвото на 21 мај во 18:00 часот, но не погоди. Тој најави катастрофален земјотрес кој ќе ја погоди земјината топка, и предвиде дека 200 милиони христијани ќе бидат вознесени на небото.
Негова најголема подршка беше “Family Radio International” кое потроши милиони на 5.000 билборди и реклами за возила низ целиот свет.
“Апостолот” на Кемпинг, Џеф Хопкинс е пензионер кој си ја потрошил целата своја заштеда сакајќи да му помогне на свештеникот. Тој изјавил дека е запрепастен од она што се случило, се чувствувал како некој да му удрил неколку шлаканици и да го освестил од бунилото.
Свештеникот пак поради притисокот од јавноста затоа што не ја погодил прогнозата, односно пророштвото заминал во хотел со својата жена, далеку од очите на јавноста.
Тој изјавил дека она што го предвидел ќе се случи и тоа на 21 октомври. Се до тогаш неговата мрежа ќе пушта само духовна музика и ќе чека да се случи она што тој го предвидува.