Иако гласините сеуште не се потврдени, сепак се очекува следното лето, 2011 година да биде пуштен во продажба новиот iPhone 5. Apple, планира да му овозможи на iPhone 5 АМ, ФМ и сателитско радио. Со патентот, кој беше одобрен минатата недела од страна на САД патенти и трговски марки, на iPhone 5 ќе се видат првите AM и FM радио способности со функција на мобилен телефон на Apple. Според извори на Т3, ФМ приемникот ќе биде додаден во горниот десен агол на уредот. Apple, не само што ќе додаде радио на претстојниот уред. Според патентот, компанијата планира да додаде уникатна мапа за радио станици, која што ќе им овозможи на корисниците, по автоматизам да ги лоцираат радиостаниците. Овие шпекулации, се додаваат кон оние кои велат дека, iPhone 5, исто така, ќе се опреми со NFC технологијата, онака како што Google неодамна го лансираше Nexus С телефонот.