Apple побогат од САД!! Ајде “баце” Барак на баци рака кај Стив Џобс:))

31 јули, 20110
stevejobs_obama

Пред 15 години компјутерскиот гигант Apple бил на работ на банкрот. Денес Apple е владата на САД.
Според извештаите на речиси сите светски медиуми, Apple во моментов има повеќе пари од американската влада. Apple моментално располага со 75,876 милијарди долари, додека владата на САД со 73,768 милијарди долари, пишува порталот TechCrunch.
Но, дали тоа значи дека Apple може да ги купи САД? Се разбира дека не. Американскиот БДП е околу 14 билиони долари, што е огромна сума, дури и за Apple. Споменатите 73,768 милијарди долари е износот што американската влада го има пред да ја достигне самата граница на долгот, кој се зголемува последниве денови и наметна препукувања помеѓу демократите и републиканците.
Сепак, тоа не го менува фактот дека Apple има повеќе “маневарски простор” од владата на САД. Што значи дека Apple може да купи некои компании, додека владата на САД во моментов не би можела да си дозволи таков луксуз.
Цената на акциите на Apple, предходната недела достигнале рекордна вредност од 400 долари, но деновиве се стабилизирале на 390 долари по акција. Така, Apple има достигнато пазарна вредност од околу 365 милијарди долари што го прави вторa најбогата компанија во светот. Прва по вредност компанија во Светот е Exxon, чија вредност изнесува околу 400 милијарди долари.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi