Аpple спрема iPad Mini

popara22 октомври, 20111min00
haj tek

До претставувањето на новиот iPhone, 4 октомври, имаше многу гласини за наводно појавување на поефтин модел на овој уред.

Иако тие претпоставки не беа точно, веќе сега се појавуваат нови шпекулации, но во фокусот е iPad.

Cnet, PC World и многу други американски медиуми се повикуваат на извор кој разговарал со добавувачите на Apple, кој вели дека за 2012, Apple припрема iPad Mini.

Овој таблет према некои гласини може да биде 7-инчи, додека другиот дел од името „Мини” го врзуваат само за ниската цена, која може да биде дупло помала отколку стандардната верзија.

Причината за овој потег тие ја гледаат во можниот успех на конкуренцијата, најпрво во таблетот на Amazon, Kindle Fire, кој со ниската цена може да ја загрози позицијата на пазарот на Apple.

Инаку, iPad 3 веќе е спремен, тврдат аналитичарите, но на пазарот веројатно ќе се појави на средината на 2012 година.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag