Трејлерот на Анџелина е веќе избришан

22 октомври, 20110
nassss

За режисерското деби на Анџелина Џоли – филмот за кој има добиено инспирација од војната во Босна, беше објавен првиот трејлер, но веднаш потоа беше отстранет од интернет.

Трејлерот беше ставен на интернет, како на YouTube така и на сите светски познати филмски сајтови, но само по неколку часа беше отстранет од сите сајтови. Сеуште не е јасно дали Анџелина и нејзините продуценти сакаат до крај да остане тајна снимањето на филмот или ова всушност претставуваше неофицијален трејлер.

Филмот “Во земјата на крв и мед”, кој ќе се појави во кино салите низ целиот свет на 23 декември крена огромна медиумска “прашина“ во регионот, но актерката не се откажа бидејќи филмот претставува “љубовна приказна која треба да ја погледне секој и да биде достапна и разбрана од сите“.

Во филмот за “недозволената” романса меѓу Србин и Муслиманка за време на војната во Босна, главните улоги ги играат: Зана Марјановиќ, Бранко Ѓуриќ, Никола Џуричко, Раде Шербеџија, Горан Костиќ, Горан Јевтиќ …

На просторите на поранешна Југославија филмот треба да се појави на “националните” јазици, а на Запад на англиски јазик.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi