Армагедон во живо :) Ќе „скинат“ астероид како на филм! :)

20 август, 20110
asteroid

Се планира да се испукаат две ракети, една со експлозив со која метеорот ќе биде уништен, а втората која ќе го снима целиот процес и собраните информации ќе ги врати на Земјата.

Исто како на филмот Армагедон, Европската вселенска агенција наскоро ќе се обиде да разнесе астероид кој патува накај Земјата. Потенцијаланта цел е 500 метри широкиот астероид со име Апофис кој би можел до 2036 да стигне до Земјата,а веројатноста дека ќе удри во нашата планета е еден према 250.000.

Врз астероидот ќе се испукаат две ракети, првата Санчо која ќе влезе во орбитата на астероидот, ќе ги измери неговите пропорции и сите релевантни информации ќе ги врати на Земјата, а другата ракета, наречена Хидалго ќе го разнесе астероидот.

Во исто време ќе биде испратена и мала сонда која од површината на астероидот ќе им испраќа на научниците податоци за хемискиот состав на Апофис. На неа ќе има поставено и микрокамера која ќе го снима целиот процес. Операцијата го доби името Дон Кихот.

На овој чекор Европската вселенска агенција се одлучи откако при крајот на минатата година била откриена кометата Еленин. Меѓу астрономите аматери се проширила оваа вест дека оваа комета од дијаметар со 3 до 4 километри сигурно ќе ја погоди Земјата, ќе ги помести границите на континентите, земјите и ќе го уништи целокупниот живот на планетата.

Сепак од НАСА тврдат дека нема простор за паника.

„Еленин ќе помине на 30 милиони километри од Земјата и нема никакви шанси да ја погоди нашата планета. Оваа комета доби повеќе публицитет отколку што заслужува“, изјавиле од американската вселенска агенција.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi