Ашшш на подочњаците во 4 потега :)

20 август, 20110
ashhhh na podocnjacite vo 4 potega

Многу жени, а и понекој маж, мака мачат со темни и пропаднати подочњаци кои понекогаш не можат да ги скријат ни сите богатства на козметичката индустрија. Но, постојат неколку трикови како да се ослободите од нив на брз и лесен начин.

Кожата во пределот на чите е потенка од кожата на лицето, а како што старееме таа дополнително се истенчува и ја губи еластичноста. Затоа ако сте склони на подочњаци низ годините тие ќе стануваат се поизразени.

Но постојат неколку трикови кои можат да ви помогнат да ги победите тие големи женски непријатели. Доволно се 4 потези!

Пијтре барем два литри вода дневно

Долг и мирен сон, здрава и редовна исхрана, што е можно помалку алкохол и цигари и престој на свеж воздух се добредојдени за свеж изглед на лицето и помалки подочњаци. Но, исто така многу е важно да пиете барем два литри вода дневно, бидејќи таа го чисти организмот од тетни состојки. Обратете внимание и на тоа навечер да не јадете јака храна.

Спијте на перница

Темни подочњаци и отечените капаци се јавуваат кај луѓе кои спијат на стомак. Тогаш во капаците се собира крв, па се создаваат отоци. Од тие причини спијте на грб и по можност секогаш на перница.

Ладете ги местата околу очите

Во многу случаи студот може да помогне бидејќи ја забрзува циркулацијата и ги намалува отоците. Ставете лажица во фрижидер пет минути и потоа ставете ја на просторот меѓу очите или ако повеќе ви одговара, купете готова маска со исто својство.

СОС препарати

Ако имате изразени подочњаци користете креми богати со Ц и К витамин.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *