Астон Мартин-от на Џорџ Харисон продаден за 400.000 Евра

15 декември, 20110
0

Астон Мартин-от, кој во дамнешната 1965 година го нарача Џорџ Харисон, гитаристот на легендарните Битлси, беше продаден на аукција минатата недела во Лондон за околу 400,000 ЕУР.

Автомобилот прозведен на крајот на 1964, стана сопственост на Харисон  на 1 Јануари 1965, а најавата за неговата продажба разбудија голем интерес кај колекционерите ширум светот.

После неизвесната и долга лицитација, автомобилот беше продаден на анонимен понудувач од Хјустон(С.А.Д) кој бил и голем фан на Астон Мартин и музиката на Битлси.

На истата аукција се најдоа и голем број на други автомобили: Cord 810 Phateon ( продаден за 100,000 евра), Mercedes-Benz 300 SL roadster, продаден за 400,000 евра, како и Mercedes- Benz 540 K, на Берни Еклстоун , кој бил продаден за 985,000 евра.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi